Се урна руски бомбардер – пилотите загинаа
Стратешкиот руски бомбардер Ту-95 се урна за време на воена вежба, на 80 километри од градот Хабаровск, соопшти руското Министерство за одбрана. Екипажот успеал да се катапултира од авионот пред уривањето, наведува Министерството, но двајца пилоти сепак загинале. Останатите петмина членови на екипажот се пронајдени живи. –