Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАСветДесет работници загинаа во нападот на југозападен Пакистан

Десет работници загинаа во нападот на југозападен Пакистан

Вооружeни лица убија во сабота 10 работници кои работеле на изградба на пат во југозападниот дел на Пакистан.
Локалниот полицаец Абдул Салам изјави дека нападот се случил во близина на неодамна завршеното пристаниште Гвадар, во провинцијата Балучистан, изградено со помош на кинески фондови.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Нападот следеше по само еден ден откако бомбаш од Исламска држава изведе напад во истата провинција, во кој загинаа 25 луѓе.