Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Се урна воен авион во Србија – двајцата пилоти загинаа

Видео: Се урна воен авион во Србија – двајцата пилоти загинаа

Воен авион Галеб 4 на српската армија се урна утрово во селото Слатина кај Шабац за време на извршување редовна обука за летање. Во несреќата загинале двајцата пилоти. Министерството за одбрана ги објави имињата на загинатите, пилотите на Војската на Србија Дејан Пандуровиќ (39) и Ненад Ќулибрк (49).
srbija avion
Српското Министерство за одбрана издаде соопштение во кое се потврдува дека авионот се урнал околу 10:30 часот утрово во близина на селото Слатина, општина Уб, за време на извршувањето редовна обука за летање. По тој повод, хеликоптерската единица на српското МВР го откажа одбележувањето на 50 години од своето постоење.