Friday, Apr 26, 2024
HomeГОВОРНИЦАСтавСДСМ мора брзо да смисли како ќе делува, избори кога тогаш ќе има

СДСМ мора брзо да смисли како ќе делува, избори кога тогаш ќе има

СДСМ вчера речиси еуфорично од лидерот Зоран Заев соопшти дека нема да учествува на уште едни лажни избори и дека клучните точки од договорот од Пржино не се постигнати, но не даде јасен одговор како ќе делува во наредниот период кога власта јасно стави до знаење дека избори кога тогаш ќе има.

СДСМ овие егзибиции може скапо да ги плати бидејќи бојкотот потенцијално би ги фрлил во вода сите досегашни постигнати реформи, како на пример функционирањето на СЈО и поставувањето на независни експерти во повеќе државни тела. Исто така СДСМ го губи допирот со гласачите, особено со неопределените кои се оставени да висат во лимбо без конкретен план за делување, без јасни ставови како ќе се врати демократијата во Македонија за која толку пекаат во изминатите две години и како ќе му се спротистават на гигантот ВМРО-ДПМНЕ кој има верно гласачко тело.

sdsm i vmro logo

Опции за решение има бидејќи изборите се уште не се распишани, па во наредните денови може да дојде до договор, односно да се пречисти целосно избирачкиот список по мерак на СДСМ, а и да се обезбедат реформи во медиумската сфера кои тешко дека ќе променат нешто фантастично до 5 јуни, освен што потенцијално би обезбедиле побалансирано известување и поттикнување на дебати и соочувања на политички ставови.

Токму затоа воопшто не ни сакам да помислувам и анализирам црни сценарија кои секако се возможни, но да се надеваме дека состојбата нема да ескалира преку ноќ.

Автор: Христијан Станоевиќ