Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаГруевски и на последниот работен ден од годинава треба да се пријави во судот

Груевски и на последниот работен ден од годинава треба да се пријави во судот

Поранешниот премиер Никола Груевски денеска на пладне треба да се пријави на шалтер во Основниот суд Скопје 1.

Груевски е обвинет во постапките за „Траекторија” и насилството во општина Центар и со мерките на судот е задолжен секој работен петок да се пријавува во суд дека не е во бегство.

Против него има уште неколку постапки кои ги води СЈО, но за ни судењата не се почнати.