Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАпелација: Судијката незаконски донела одлука за ПИ-мерките за Заев

Апелација: Судијката незаконски донела одлука за ПИ-мерките за Заев

Апелациониот суд Скопје, по одржаната јавна седница по предметот познат во јавноста како „Поткуп“ донесе одлука со која го укина првостепеното решение и предметот го врати на повторно постапување на првостепениот суд, соопштија од судот.

„Во текот на постапката и одлучувањето за предлогот на одбраната за издвојување на докази прибавени со посебни истражни мерки, поставен на рочиште за главна расправа, првостепениот суд постапил спротивно на предвидената законска процедура кога по предлогот на одбраната за кој не постоела согласност од странките, наместо одлуката да биде донесена од Советот кој бил во заседание, одлуката дополнително вон рочиште за главна расправа ја донел претседателот на советот со што во конкретниот случај излегол надвор од овластувањата утврдени со закон“, пишува во образложението.