Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионНајверојатно ИД стои позади експлозиите во Анкара

Најверојатно ИД стои позади експлозиите во Анкара

Првите индикации укажуваат дека Исламска држава (ИД) е одговорна за двојниот бомбашки напад кој пролеа крв во Анкара и истрагата се фокусира на екстремистичката исламистичка група, изјавија извори од турските безбедносни сили, пренесува Танјуг.

Неименуван извор изјавил дека вчерашните експлозии имаат „воочлива сличност“ со самоубиствениот бомбашки напад во јули во турскиот град Сурук, за кој беа обвинети џихадистите од ИД.

Прокурдската Демократска партија на народите денеска соопшти дека во двете експлозии во турската престолнина вчера загинале 128 лица. Тие инфоримираа дека успеала да идентификува сите со исклучок на осум од жртвите на вчерашниот напад. Кабинетот на премиерот доцна синоќа соопшти дека во нападот загинале 95 лица. Во друго соопштение, објавено денеска наутро, кабинетот информира дека 160 лица се уште се лекуваат во болница, а 65 од нив се во одделот за интензивна нега.

Исто така, турските власти информираа дека е пронајден е прст, за кој се претпоставува дека е на еден од напаѓачите. Експертите од судска медицина пронашле и тело на кое имало голема концетрација на барут, што упатува дека е можно да е еден од бомбашите-самоубијци. Во моментот се прават ДНК тестови. Истрагата утврдила дека напаѓачите користеле и ТНТ експлозив.

Се уште никој не презел одговорност за нападот. Во Турција е прогласена тридневна жалост.