Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветАнкара: Германската амбасада затворена поради страв од терористички напади

Анкара: Германската амбасада затворена поради страв од терористички напади

Германската амбасада во Турција била затворена поради закана од можни терористички напади, пренесува таблоидот „Билд“. Исто така, се пренесува дека се затворенаи германските училишта, но повеќе детали околу евентуален напад се уште за сега не се познати.

Министерството за надворешни работи не ги коментираше пишувањата на германскиот таблоид, но потврди дека германската амбасада во Анкара и другите конзуларни одделенија се затворени за време на прославата на Курбан Бајрам од 12 до 16 септември.