Путин: Експлозиите во метрото во Санкт Петербург можеби се дело на терористи

Русија е потресена од страшните експлозии во метро во Санкт Петербург кои резултираа со 10 жртви и најмалку 50 повредени патници. Се води сеопфатна истрага, а по средбата со разузнавачките служби претседателот Путин посочи дека можеби станува збор за терористички напад.
– Сите можни причини за експлозиите во метрото во Санкт Петербург се истражуваат, вклучувајќи ја и можноста за тероризам. Причините за настанот сѐ уште не се утврдени, па уште е рано да се зборува, истрагата ќе покаже. Нормално, ќе ги имаме предвид сите варијанти, пред сѐ терористичката природа -изјави Путин.
Имало експлозии во две метро станици, а според новинската агенција Interfax барем една од експлозиите била предизвикана од бомба наполнета со шрапнели. Седумнаесет амбулантни возила ги третираат повредените.