Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈОстанатиМакедонија немаше одговор за моќта на Словенија

Македонија немаше одговор за моќта на Словенија

Македонската одбојкарска репрезентација го загуби финалето од Словенија во Европската лига со 3:0 во сетови или 25:21, 25:20 и 25:17 по поени со што се срушија надежите дека ќе освојат злато во ова силно натпреварување. Словенците кои се редовни учесници на европските првенства одиграа многу квалитетно и во одбраната и во нападот со силни сервиси, одлични блокови и прецизни контри. Во секој случај целокупниот впечаток кој го оставија македонските одбојкари е одличен и имаат големи шанси за напредување во ранкингот.