Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЕвропски суд: Легитимно е враќањето на азилантите во Хрватска

Европски суд: Легитимно е враќањето на азилантите во Хрватска

Австрија и Словенија можат легитимно да ги враќаат во Хрватска барателите на азил што стигнале на нивна територија преку Хрватска во екот на мигрантската криза, одлучи денеска Европскиот суд за човекови прави.

Судот заклучил дека во овој случај се применува Даблинскиот договор, според кој земјата на ЕУ во која барателот на азил прво влегол, треба да го разгледа неговото барање за азил.

Австриските и словенечките судови се обратија до Европскиот суд откако еден Сириец и две авганистански семејства го оспорија нивното враќање во Хрватска.

Во екот на мигрантската криза, за време на која само во 2015 година преку море во Европа стигнаа повеќе од милион луѓе, хрватските власти организира превоз на мигранти и на бегалци до хрватско-словенечката граница за да можат да поднесат барање за азил во други земји членки на ЕУ.

Така, сирискиот државјанин поднел барање во Словенија, а членовите на авганистанските семејства во Австрија. Сепак, Словенија и Австрија, повикувајќи се на Даблинскиот договор, сметаат дека Хрватска треба да ги разгледа нивните барања за азил бидејќи илегално влегле во таа земја.