Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАСветКонзервативците во Романија протестираат против правото на абортус

Конзервативците во Романија протестираат против правото на абортус

Илјадници лица, меѓу кои и православни свештеници, маршираа денеска во Букурешт и во останатите градови во земјата за да го изразат својот став против абортусот, како и да дадат поддршка за семејниот живот.

Членовите на групата која е против абортусот се собраа во паркот што се наоѓа во јужниот дел на Букурешт, а потоа започнаа со маршот.

Лицата извикувале „живот“ и носеле балони со испишани пораки како: „Секое дете е ангел кој доаѓа на овој свет” и „ Жените заслужуваат повеќе од абортус“.

Фондацијата „Провита“ тврди дека околу 210 абортуси се прават секојдневно во Романија, напоменувајќи дека абортусот е легален до 14 недела од бременоста.

Поранешниот комунистички „диктатор“ Николае Чаушеску ги забрани абортусите и контролата на раѓањето во 1968 година со цел да се обиде да го зголеми бројот на жители во Романија, а абортусот е повторно легализиран во 1990 година по симнувањето на Чаушеску од власт.

Извор: a1on.mk