Tuesday, Jan 21, 2020
HomeДЕНЕШНАПолитикаКонгресот ќе се одржи, протестите ќе се радикализират, одлучи ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Конгресот ќе се одржи, протестите ќе се радикализират, одлучи ИК на ВМРО-ДПМНЕ

vmro dpmne sediste

Вонредниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, сепак ќе се одржи викендов на 22 и 23 декември во Валандово, соопштија од партијата.

„Извршниот комитет дискутираше и во врска со јавно објавената иницијатива од страна на повеќемина актуелни и поранешни функционери. Иницијативата објавена во медиуми не доби поддршка од Извршниот комитет, кој одлучи, истата да не ја предложи на денешната седница на Централниот комитет на партијата“ се додава во соопштението.

Од партијата информираат дека, Извршниот комитет ја разгледал и усвоил анализата за одржаните локални избори.

„Анализата опфаќа куса, сублимирана верзија за причините за изборните резултати, но и детална обработка на информациите и согледувањата по општински комитети. Истата, согласно заклучокот на Извршниот комитет, денеска ќе биде презентирана на состанокот на Централниот комитет“, се додава во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека, „Извршниот комитет одлучил дека, партијата мора да продолжи да презема чекори со кои ќе го привлече вниманието на домашната и меѓународната јавност за недемократското и репресивно однесување на хунтата на власт и злоупотребата на институциите и целокупниот државен апарат, вклучувајќи ги и правосудните органи.“