Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВМРО-ДПМНЕ најавува радикализација на протестите

ВМРО-ДПМНЕ најавува радикализација на протестите

На протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за правда денеска пред граѓаните се обрати Мане Јаковлевски. Тој кажа дека наместо светла иднина државата е обвиена од темнина.

Наместо мир и безбедност, бројот на убиства е зголемен, а и животните се вознемирија, почнаа да напаѓаат луѓе, порача денеска Мане Јаковлевски на протестот на ВМРО-ДПМНЕ пред Министерството за правда.

– Тоа што актерите, пејачите, членовите на патриотските здруженија се во затвор, а убијците од Смилковско езеро се на слобода е цинична и селективна правда на хунтата на власт, рече Јаковлевски и порача дека е време да се сплотиме затоа што разделени не чека пропаст.

Јаковлевски порача дека протестите ќе продолжат се додела лицата кои неправедно притворените лица на настаните во Собранието од 27 април годинава не бидат пуштени на слобода.

Дарко Костовски, пак, рече дека да ги браниш македонските национални интереси е света должности и кажа дека токму за тоа ВМРО-ДПМНЕ постои. Тој повтори дека денешната прес-конференција на СЈО и седумте нови истрага, во кои се осомничени 17 лица, меѓу кои и министри и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ е обид за дефокусирање на јавноста тоа што го први новата влада.

Костовски обвини, дека и Основното јавно обвинителство е под диктат на СДСМ и оти се притвораат лица кои си ја сакаат државата, под обвинение за тероризам. Тој најави радикализирање на протестите доколку власта веднаш не престане со политичкиот прогон и не ги пушти на слободат неправедно притворените.

-Не смее власта да се однесува како полициска хунта. Овие два барања мора да бидат остварени, заради тоа што се до тој момент овој народ нема да се повлече од улица, протестите секако дека ќе се радикализираат, блокадите на улиците ќе се радикализираат – изјави Костовски.

Во однос на инцидентот за време на блокадата на граничниот премин Табановце и притворањето на еден од демонстрантите, Костовски рече дека е учебникарски пример како се однесува политичка хунта.