Friday, May 3, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИзгласана техничката влада, Спасовски и Ременски не положија заклетва

Изгласана техничката влада, Спасовски и Ременски не положија заклетва

Со 71 гласови за и 9 воздржани Емил Димитриев стана нов мандатар кој има право да ја формира техничката влада со која ќе бидат организирани изборите и неговата функција е привремена. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои се јавија за збор ги повторија заложбите за решавање на политичката криза преку почитување на одредбите од договорот од Пржино и одржување на закажаните избори на 24 април.
milosoki

„Доколку Спасовски и Ременски вечерва не дојдат и не положат свечена заклетва, тогаш вие господине Емил Димитриев освен премиер ќе бидете и министер за внатрешни работи и труд и социјална политика согласно Уставот и законите. Ова не е закана, туку гест на подавање на рака за да се одржи конструктивноста“, посочи пратеникот Антонио Милошевски во своето обраќање.

Remenski-Spasovski-640x341Во новиот состав нема нови имиња и постоечките министри ги задржаа функциите со тоа што сега нивниот мандат е ограничен според изборниот законик, но пратениците од владејачкото мнозинство им порачаа да ја одржат земјата на позитивниот економски курс и помалку да се занимаваат со политика.