Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМилошки ќе го бојкотира партискиот Конгрес

Милошки ќе го бојкотира партискиот Конгрес

Нема да одам на Конгресот во Валандоново, изјави за тв 24 Антонио Милошоски. Извесно е дека дел од делегатите исто така нема да бидат на Конгресот, вклучувајќи го и Илија Димовски и Борис Змејковски, како и дел од останатите потписници на иницијативата за негово одлагање, информира ТВ24.

Формален повик за бојкот нема, така што очекувањата се дека секој од поддржувачите на иницијативата за одлагање на Конгресот ќе треба сами да одлучи дали ќе се појават на отворањето на 16-от конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на кој треба да се избере наследникот на Никола Груевски, а генералниот секретар Христијан Мицкоски е единствениот кандидат.