Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОтворањето на граничниот премин Клепало – Сандански, тема на средбата Спасовски – Радев

Отворањето на граничниот премин Клепало – Сандански, тема на средбата Спасовски – Радев

Соработката помеѓу министерствата за внатрешни работи на Македонија и на Бугарија е одлична, нагласиле министрите за внатрешни работи на двете земји, Оливер Спасовски и Валентин Радев, на работната средба пред почетокот на заедничката седница на двете влади во Струмица.

Спасовски и Радев, како што соопшти МВР, ја нагласиле важноста од отворањето на планираните нови гранични премини, особено на граничниот премин Клепало – Сандански, со што ќе се овозможи полесна комуникација и движење на граѓаните.

Двајцата соговорници разговарале и за соработката на двете министерства во рамки на меѓународните организации, како и за соработката во борбата против организираниот криминал.