Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеХаос во сообраќајот и револтирани граѓани поради организациските подготовки на „Македонски Телеком“

Хаос во сообраќајот и револтирани граѓани поради организациските подготовки на „Македонски Телеком“

Централното подрачје на главниот град денеска беше во сообраќаен хаос, метеж и недогледни колони од возила.  Улиците „11 Октомври“ и „Димитрија Чупоски“ од вчеравечер од 23 часот се затворени за сообраќај поради подготовките за големиот настан кој го организира „Македонски Телеком“ на кој ќе гостуваат Каролина Гочева, Северина и DJ Morales.

Револтираноста кај граѓаните и возачите на кои им требало дупло повеќе време да стигнат до своите работни места,не стивна. Најголемиот проблем се наоѓа во ненавременото информирање за состојбата на улиците во најфрекфентниот дел од градот. Иако во информацијата на МВР стоело дека за непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција се преземени соодветни мерки за пренасочување на сообраќајот, фактичката состојба беше сосема поинаква.

Сообраќајот ќе биде во прекин до 12 часот напладне в недела.