Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитика„Македонски телеком“ прави сè за поголема соработката со СЈО, вели Елснер

„Македонски телеком“ прави сè за поголема соработката со СЈО, вели Елснер

„Македонски телеком“ ќе направи сè што е во негова моќ за да се зголеми соработката со Специјалното јавно обвинителство, изјави денеска главниот извршен директор на компанијата, Андреас Елснер, додавајќи дека веќе имале состаноци со СЈО.

– Можам да ве уверам дека како компанија на „Дојче телеком“, која ги спроведува политиките на „Дојче телеком“ и на „Маѓар телеком“ и законите во земјата, правиме сè да соработуваме со властите во земјата. Имавме состаноци со Јавното обвинителство, односно со СЈО и правиме сè што можеме за да ја зголемиме соработката затоа што нашиот интерес е чисто деловен. Почнавме оваа година и ќе продолжиме да соработуваме во истата насока – изјави Елснер, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција организирана по повод надградување на 4Г-мрежата на мобилниот оператор со нова технологија.