Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИзменет сообраќаен режим поради натпреварот Шкендија – Милан

Изменет сообраќаен режим поради натпреварот Шкендија – Милан

Поради фудбалскиот натпревар меѓу екипите на Шкендија и Милан, што во 20.45 часот ќе се одигра на стадионот „Телеком арена“ во Скопје, Секторот за внатрешни работи Скопје ќе воведе посебен сообраќаен режим за возила и пешаци, согласно подготвениот план за сообраќајно и физичко обезбедување.

Како што информираат од МВР, денеска почнувајќи од 15 часот ќе биде ограничено движењето по сообраќајниците кои водат кон стадионот „Телеком арена“, односно булеварот Илинден, улиците Ристо Шишков, Аминта Трети, Наум Наумовски Борче, сервисната улица во Градскиот парк околу стадионот, како и улицата Лазар Личеноски.

Ограничувањето нема да важи само за возила кои имаат акредитација за движење по овие сообраќајници за влез кон фудбалскиот стадион, а во однос на пешаците, ограничувањето нема да важи само за лица кои поседуваат карти за фудбалскиот натпревар.