Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаДржавата повторно се задолжи, овојпат за 5,1 милиони евра повеќе од најавеното!

Државата повторно се задолжи, овојпат за 5,1 милиони евра повеќе од најавеното!

Владата повторно се задолжи скоро 81 милиони евра од домашните кредитори, што е 5,1 милион евра повеќе од планираното. Средствата ги обезбеди преку одржување на аукција на државни записи со рок на доспевање од 6 месеци, односно 364 дена.

Веќе утре, Министерството за финасии ќе треба да врати скоро 76 милиони евра по основ на доспеани долгови.

До крајот на јуни закажани се уште 15 аукции на државни записи, а во истиот период владат ќе треба да исплати 339 милиони евра, пари за стари долгови кои доспеваат до вториот кваратал. И во овој преостанат период според календарот на МФ, не по секоја закажана аукција за задолжување, следи раздолжување.

Токму случајот со ветото на заменик министерот, Кире Наумовски, за новите задолжувања сеуште чека правна разврска пред Вишиот управен суд. Додека во меѓувреме министерот за финасии Зоран Ставрески ја обжали одлуката на Управниот суд.

Само од почетокот на годинава Владата, за два месца и една недела создаде нов внатрешен долг од скоро 59 милиони евра.

Заклучно со крајот на минатата година нивото на јавниот долг изнесува 4,2 милијарди евра и се искачи на 47 % од бруто домашниот производ.