Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаДржавата денеска се задолжи 71,6 милиони евра, утре треба да враќа 66,9 милиони

Државата денеска се задолжи 71,6 милиони евра, утре треба да враќа 66,9 милиони

Министерството за финансии денеска издало државни обврзници во вкупна вредност од 71,58 милиони евра, а најголемиот дел од вака добиените пари ќе ги потроши утре за враќање на 66,88 милиони евра земени преку претходно издадени државни хартии од вредност.

Како што соопшти Министерството, издадени биле едногодишни денарски обврзници, во вредност од речиси 49 милиони евра, со камата од 1,85 отсто, потоа двегодишни денарски обврзници во вкупна вредност од 5,14 милиони евра и камата од 2,1 отсто и тригодишни денарски обврзници во вредност од 8,72 милиони евра и камата од 2,35 отсто, како и 15-годишни девизни обврзници во вредност од 8,61 милиони евра со камата од 3,8 отсто.