Вардар поразен во првото финале, Ѓер моќен во одбраната
Женската ракометна екипа на Вардар за само еден гол го загуби големото финале во Лигата на шампионите, а трофејот гледаше како го подигнува унгарската екипа Ѓер која играше на домашен терен пред гласната публика во Ласло Паб арената.
Доста динамичен натпревар со цврста игра и атрактивни погодици имаше и на двете страни. Вардар постојано беше на работ да потоне но, некако успеваше да го стигне Ѓер и регуларните 60 минути успеа да ги израмни на самиот крај.
Таа психолошка предност за жал не се пренесе и двете продолженија од по 5 минути, една изгубена топка, едно сомнително пробивање кое судиите не пропуштија да го санкционираат како и долгиот краен напад им овозможи на ракометарките на Ѓер по трет пат да се радуваат на златото во последните пет години.
Вардар остави одличен впечаток и силен карактер, но во вакво финале се чинеше дека нема доволно искуство за да се издигне. Алтхаус и Лакабрер со по шест гола беа најефикасни во редовите на македонскиот шампион, по четири погодоци постигнаа Радичевиќ, Лекиќ и Пенезиќ, додека најдобар стрелец на новиот европски првак беше Горбич со седум гола.