Friday, Apr 19, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈРакометВардар со срце и тимски дух и донесе европско злато на Македонија

Вардар со срце и тимски дух и донесе европско злато на Македонија

Радувајте се Македонци, за прв пат машки ракометен тим е шампион на Европа. Вардар одигра фантастично во големото финале на Лигата на шампиони и со гол на Чупиќ во последната секунда го победи скапиот тим на ПСЖ полн со ракометни великани и скапи ѕвезди.

Тимската игра, оставањето на срцето на терен, големата борбеност и пожртвуваност го направија Вардар од дебитант до апсолутен победник на Фајнл фор турнирот во Келн, оставајќи ги зад себе ПСЖ, Веспрем и Барселона.

Вардар е прв тим во машка конкуренција од Македонија кој стигнал до врвот на Европа, откако пред 15 години ракометарките на Ѓорче Петров беа владетелки на Лигата на шампионите.