Friday, Mar 29, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбал(Видео) Шпанија одигра лошо, Германците шампион на Европа!

(Видео) Шпанија одигра лошо, Германците шампион на Европа!

Младиот тим на германската репрезентација владее со европскиот фудбал.

Тие вчера вечерта во финалниот натпревар на Европското првенство во Полска во Краков успеаа да ја победат Шпанија со 1-0 со голот на Вејзер во 40-та минута од натпреварот.

Заслужено дојдоа до големата победа, иако немаа голем посед на топката во своите нозе, Германците беа повеќе опасни по голот на Шпанците кои тешко стигнуваа до гол шанса против “Панцирите“.

Во продолженио за оние кој не го гледале финалниот натпревар може да го погледнат голот и најинтересните моменти од овој натпревар.