Oд херој до губитник – Ципрас си поднесе оставка
Алексис Ципрас си поднесе оставка од позицијата премиер на Грција по притисокот од политичките партија и ослабената подршка во парламентот. Лидерот на комунистичката Сириза пред само една година беше пречекан како шармантен „револуционер“ кој има решение за грчката криза, но излезе како губитник доколку се земат во предвид сите направени компромиси со мерките на штедење и кратење на бенефициите за граѓаните.
Ципрас изјави дека нема грижа на совест за стореното и ќе побара нов мандат со силно изразена доверба на граѓаните. Сега на потег се опозициските Неа Демократија и ПАСОК кои ќе излезат со своја политичка платформа за иднината на земјата, а предвремените избори ќе се одржат на почетокот на есента.