Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаАнѓушев: За мене е прифатливо и Северна и Горна и Нова Македонија, но народот треба да одлучи

Анѓушев: За мене е прифатливо и Северна и Горна и Нова Македонија, но народот треба да одлучи

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев за Радио Канал 77 изјави дека за него е прифатливо да се најде ново име за државата како начин да се забрза влезот во ЕУ и НАТО.

– Македонија треба да биде членка на ЕУ и НАТО. Сите предуслови за тоа да можете да го направите е да најдете решение и компромис за името. Јас сакам и сум свесен дека тоа мора да се реши. Северна Горна или Нова Македонија, тоа народот ќе си каже. За мене и Северна и Горна и Нова е прифатливо решение – вели Анѓушев.

Тој истакнува дека Владата има капацитет и е отворена да разговара на оваа тема, особено имајќи ги предвид позитивни сигнали и од меѓународната заедница и од Грција.

– Она што сакам да го кажам е дека црвената линија која што не треба да се попушти е идентитетот, македонскиот идентитет, јазикот и т.н. и дека за името треба да направиме една одредница којашто ќе биде интернационално прифатливо. Значи јас сум на мислење дека треба да се реши тоа прашање. Северна Горна или Нова Македонија, тоа народот ќе си каже. За мене и Северна и Горна и Нова е прифатливо – вели Анѓушев.