Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЗагадувањето на воздухот во Македонија руши рекорди!

Загадувањето на воздухот во Македонија руши рекорди!

Како што веќе пишувавме загадувањето во македонските граѓани и понатаму руши рекорди. Воздухот во Центар, Карпош, Битола, Кичево, Кочани и Тетово е екстремно загаден, ова го покажуваат мерните инструменти на Министерството за животна средина. Вчера во 21 часот во општина Центар концентрацијата на штетните ПМ10 честички беше 6 пати над дозволената граница, односно 550 микрограми на кубен метар. Многу висока е и концентрацијата на честичките „ПМ25“ во Карпош и Центар.

Иако надлежните од неодамна почнаа со прскање на улиците со калциум магнезиум сулфат за намалување на загадувањето, засега резултати нема. Граѓаните повеќе не веруваат дека прскањето ќе помогне, па им преостанува да чекаат да проструи ветер или да заврне дожд за да се намали загадувањето барем на неколку дена. Од Градот Скопје објаснуваат дека ефектот од прскањето ќе се почувствува на подолг период. Колку ќе трае тој „подолг период“ останува да видиме, дотогаш лекарите советуваат да не се излегува надвор доколку нема потреба од тоа, бидејќи загадениот воздух претставува сериозна закана за здравјето на македонските граѓани.

ZAGADENOST-21ч