Tuesday, Mar 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитика„За заедничка Македонија“ лаже деца со чоколади – реагираат родители за учеството на деца во протести

„За заедничка Македонија“ лаже деца со чоколади – реагираат родители за учеството на деца во протести

Децата повторно беа вклучени на протестот на иницијативата “За заедничка Македонија”. Овој пат, наместо да се маршира по скопските улици, деца цртаа знамиња во градскиот парк. Покрај активностите за деца, за возрасни имаше музички хепенинг, со кој, како што истакнуваат организаторите, се покажува колку се сака Македонија. Корисниците на социјалните мрежи бараат од Меѓаши од другите релевантни институции да се произнесат за злоупотребата на деца во политички цели, бидејќи од фотографиите јасно се гледа дека децата се лажат со чоколади. За ова реагираше и СДСМ. Инаку, ова не е прв пат иницијативата „За заедничка Македонија“ да донесе деца на протестот. Тие не гледаат ништо спорно бидејќи не биле политичка партија, туку граѓанска организација.
deca protest 1

deca protest 2

deca protest