Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаЗа рудници на референдум ќе одлучува и Дојран

За рудници на референдум ќе одлучува и Дојран

Жителите на Дојран на референдум ќе се изјаснуваат дали се за отварање рудници или не во југо- источниот дел на државата. Советот на ова општина донесе одлука на 18 јуни дојранчани сами да одлучат дали се за или против отварање на рудниците Казандол и Башибос.

Одлуката за референдумско изјаснување на дојранчани за беше едногласно изгласана откако се собраа пторебните потписи за референдум иако општинските власти иницијативата ја оценија како некомплетна.

Доцна синоќа за ова прашање повторно заседаваше Советот на Валандово, бидејки општината не одговори позитивно на барањето за референдум. Пред десетина дена Советот не изгласа референдумско изјаснување на граѓаните оставајки простор експертската фела да се изјасни дали рудникто казандол че загадува или не.