Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаОсмани: Спорот за името ќе биде решен наскоро и без референдум

Османи: Спорот за името ќе биде решен наскоро и без референдум

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи во интервју за емисијата „Патот кон“ на телевизијата „Алсат-М“ изјави дека разликите околу името со Грција ќе бидат решени наскоро.

Тој тврди и дека Македонија може да избегне референдум за ова прашање, благодарение на решение кое би произлегло од промената на името на аеродромот „Александар Велики“ и од останатите стратешки точки кои досега Грција ги сметала за иредентистички.

– Ви гарантирам дека доколку продолжиме да ги реализираме реформите со оваа динамика, да го затвориме прашањето за името ќе добиеме уште поголема поддршка од граѓаните бидејќи граѓаните бараат Македонија да биде членка на НАТО и на Европската Унија – изјави Османи.

Прашан како ќе се затвори прашањето за името и дали тоа ќе биде со референдум, вицепремиерот Османи вели дека локалните избори биле референдум.

– На овие избори ние го најавивме решавањето на името. Граѓаните ни ја дадоа поракатата – вие сте храбри, имате јасна визија каде треба да ја водите државата во наредните години – рече Османи.