Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаЗа прв пат берзата во Саудиска Арабија отворена за странци

За прв пат берзата во Саудиска Арабија отворена за странци

Саудиска Арабија за прв пат ја отвори берзата за странци. Ваквите економски реформи беа долгоочекувани во земјата која е најголем извозник на нафта. Засега странците ќе бидат ограничени на купување на саудиски акции по пат на „свапови“, вклучувајќи ги меѓународните банки и малиот број на фондови.
berzasaudiska
Странските инвеститори поседуваат околу 15 отсто од останатите, многу помали пазари на капитал во Заливот, како што е Дубаи. Аналитичарите, не очекуваат поголем прилив на средства веднаш по отворањето на берзата. За да бидат регистрирани како квалификувани странски инвеститори, странците ќе мораат да имаат петгодишно искуство и да управуваат со средства вредни најмалку 18,75 милијарди ријали, одбосно 5 милијарди долари. Аналитичарите проценуваат дека странските инвеститори на саудиската берза, вредна повеќе од 500 милијарди долари, ќе држат од 40 до 50 милијарди.