Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАСветКонгресот им одобри на семејствата на жртвите од 11-ти септември да ја тужат Саудиска Арабија

Конгресот им одобри на семејствата на жртвите од 11-ти септември да ја тужат Саудиска Арабија

Семејствата и блиските на жртвите од терористичките напади од 11-ти септември 2001 година, чијашто 15-годишните се одбележува во неделата, ќе можат да тужат странски земји како Саудиска Арабија, осомничените дека ги поддржуваат нападите врз САД, според законот кој беше усвоен во петокот во американскиот Конгрес.

Петнаесет од 19 сторители на нападите со авионите во кулите од Светскиот трговски центар во Њујорк и во Пентагон, и уште еден авион кој се урна во Пенсилванија, биле Саудијци.

Текстот кој Ријад го оспорува, уште треба да го потврди американскиот претседател Барак Обама, кој веќе рече дека се противи на таквата мерка, бидејќи е во спротивност со принципот на имунитетот кој ги штити државите од цивилни и кривични тужби.

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес во петокот едногласно го потврди законот Justice Against Sponsor од Terrorism Act,четири месеци откако го прифатија сите сенатори.

„Тој закон ќе го промени традиционалното меѓународното право во поглед на имунитетот држава. Претседателот на Соединетите држави и натаму стравува дека тој закон САД би ги направиле во другите правни системи во светот“, објасни уше во мај годинава портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест, откако текстот беше објавен во Сенатот.

Појасни дека САД, коишто се поангажирани во странство од која и да е друга земја, во воени, мировни и хуманитарни операции, ги доведуваат во прашање принципот на имунитетот за многубројни Американци и би ги изложил на опасноста, како и нивните сојузници.

Тој закон би им овозможил на семејствата на жртвите во нападите да тужат, особено саудиската влада и да добијат отштети, доколку нивната одговорност биде потврдена. Сегашниот закон овозможува за блиските на жртвите да ги тужат земјите кои Стејт департментот официјално ќе ги прогласи за поддржувачи на тероризмот, како Иран и Сирија.,

Сомневањата во вмешаноста во напад никогаш не се потврдени докази, заклучиле истражителите на цензурираните извештаи на Конгресот од 2002 година објавени во јули.

Ввесникот The New York Times, а потоа и другите американски медиуми пишуваат дека саудискиот министер за надворешни работи Абдел ал-Џубери им порачал на претставниците на американскиот Конгрес дека неговата земја ќе биде принудена да ги продаде сопственостите во САД во износ од 750 милијарди долари во кои спаѓаат и американските државни обврзници, како одговор на изгласувањето на споменатиот закон според кој терористичката мрежа Ал Каеда и терористичките напади од 11-ти септември 2001 година биле финансирани со пари на Саудиска Арабија.

Извештајот беше подготвен од страна на страна на двопартитната конгресната комисија и содржи вкупно повеќе од 800 страници. Кога беше објавен во 2003 година, беше изоставена последната глава, со споменатите 28 страници, која беше класифицирана. Во извештајот се укажува на можната поврзаност меѓу терористите и членови на владата на Саудиска Арабија, меѓутоа, сепак, никакви докази на споменатите 28 страници од извештајот не се приложени.

Дека класифицираното поглавје од извештајот содржат информации за вмешаноста на Ријад во терористичките напади врз Њујорк и Вашингтон, претходно најави копретседавачот со комисијата, сенаторот Боб Греам. Според него, во извештајот се објаснува кој им помагал на терористите државјани на Саудиска Арабија во извршувањето на нападот од 11-ти септември, кога четири грабнати авиони, два се урнаа во „Кулите близначки“ на Светскиот трговски центар во Њујорк, еден во Пентагон во Вашингтон и еден се урна во Пенсилванија, при што загинаа околу три илјади луѓе.

Американската Централна разузнавачка агенција (CIA) претходно го објави документите кои се однесуваа на акциите на агенцијата пред и по нападите.

Изјавата не сенаторот Грам предизвика голем револт во Саудиска Арабија, стратешки партнер на САД на Блискиот исток, што доведе до тензии меѓу Ријад и Вашингтон. Во настојувањата да се стивнат таквите напнатости, диреторот на CIA Џон Бренан на 12-ти јуни при посетата на Ријад најави дека очекува оти 28-те доверливи страници од извештајот на Конгресот за нападите од 11-ти септември 2001 година во САД ќе бидат објавени и ќе ја ослободат Саудиска Арабија од секаква одговорност за тие терористички напади.

Доверливиот дел од извештајот од 2002 година е клучен во спорот околу тоа дали на државјаните на САД треба да им се овозможи да ја тужат саудиската влада, клучниот американски арапски сојузник на Блискиот исток, поради спомнатите терористички напади. Американскиот Сенат на 17-ти мај годинава го усвои предлог законот кои има овозможува на семејствата на жртвите од 11-ти септември 2001 година да го тужат Ријад, но Белата куќа се закани дека ќе вложи вето.

Тоа беше одговор на Белата куќа, откако во мај весникот The New York Times, а потоа и другите американски медиуми пишуваа дека саудискиот министер за надворешни работи Абдел ал-Џубери им порачал на претставниците на американскиот Конгрес дека неговата земја ќе биде принудена да ги продаде сопственостите во САД во износ од 750 милијарди долари во кои спаѓаат и американските државни обврзници, како одговор на изгласувањето на споменатиот закон според кој терористичката мрежа Ал Каеда и терористичките напади од 11-ти септември 2001 година биле финансирани со пари на Саудиска Арабија.

Бренан, во настојувањата да се примири значајниот сојузник, рече дека тој дел на 28 страници од извештајот е само „прелиминарен преглед“. „Подоцна е утврдено, според резултатите од извештајот, дека не постоела никаква врска меѓу саудиската влада како држава или институција, ниту дури на високи саудиски функционери и нападите од 11-ти септември..“, истакна шефот на CIA.