Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеВози како секое дете на улица да е твое дете

Вози како секое дете на улица да е твое дете

„Вози како секое дете на улица да е твое дете”, „Гушни ги децата дома, но врзете ги со појас во автомобил”, „Секое дете заслужува да му се радува на животот”, вака гласат дел од пораките што ги пренесоа познатите личности кои со задоволство прифатија да бидат дел од новата кампања на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата “Да ги заштитиме децата во сообраќајот”.
kampanjaПознатите личности упатија пораки за почитување на сообраќајните правила и прописи со кои би се зголемила безбедноста на децата во сообраќајот и на тој начин сите би ја постигнале зацртаната цел, а таа е 0 деца жртви во сообраќајот.
tatjanaОваа кампања, организирана од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ја приклучува и Република Македонија во светската кампања #safekidslives, која на иницијатива на Обединетите нации се реализира во повеќе од 100 земји низ целиот свет.
stoleee
kampanja1
toni-mihajlovski
Извор:Курир