Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономија„Волво“ повлекува 59.000 возила од 40 земји

„Волво“ повлекува 59.000 возила од 40 земји

Volvo повлекува 59.000 автомобили од 40 земји поради можна неисправност на електронскиот систем, што доведува до нарушување на работата на моторот, изјави во денеска портпаролот на компанијата Стефан Елфстром. Автомобилскиот гигант ќе ги повлекува дизелските петцилиндрични модели од 60-та и 70-та серија, лансирани на пазарите до 2015 година. Поголемиот дел од автомобилите се продадени во Шведска, Велика Британија и Германија.

Првите податоци за проблемите во шведските медиуми ги објавија сопствениците на автомобилите, чии мотори се гаснеле без предупредување. Како што објасниле претставници на компанијата, досега не се пријавени и регистрирани никакви инциденти предизвикани од лошото функционирање на електронскиот систем во автомобилите на Volvo.

Шведската компанија Volvo, чие седиште е во градот Гетеборг е основана во 1927 година и е еден од водечките производители на автомобили, товарни возила, автобуси, градежна опрема, како и индустриски и мотори за водни објекти.

Макфакс