Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаСтрашна сообраќајка кај струмичко, две лица загинаа на мотор

Страшна сообраќајка кај струмичко, две лица загинаа на мотор

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа која најверојатно се случила ноќеска на регионалниот пат Банско-село Габрово, струмичко, информираат од МВР. Според информацијата во несреќата животот го загубиле 26-годишниот Н.С (1991) од село Моноспитово и 15-годишниот Ф.Л. (2002) од село Бориево.

Од МВР соопштуваат дека денеска во 13:30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на овој пат бил пронајден моторцикл излетан од коловозот со две непознати лица кои биле починати.