Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВо Антверпен е извршен неуспешен обид за напад со автомобил

Во Антверпен е извршен неуспешен обид за напад со автомобил

Во вториот по големина белгиски град Антверпен денеска возач го насочил неговиот автомобил кон пешаци на прометна улица, а лицата што се наоѓале таму успеале да избегаат, соопшти локалната полиција.

Обидот за напад бил забележан од страна на патролните војници, при што е уапсен еден маж.

Засега е јавено дека, во регионот на пристаништето, каде се случил неуспешниот напад, е пронајден автомобил со француска регистрација, во кој се наоѓало оружје.

Регионот е отцепен од страна на белгиската полиција.