Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаВладина помош за лицата со инвалидност за набавка на автомобил

Владина помош за лицата со инвалидност за набавка на автомобил

Од денеска па до 30 септември лицата со инвалидност во центрите за социјални работи ќе може да аплицираат за новиот владин проект преку кој ќе добијат поддршка за набавка на автомобили.

На лицата со најмалку 80 отсто инвалидност на долните екстремитети, целосно слепите лица и глувите лица и лицата со умерена, тешка и длабока интелектуална попреченост, ќе им бидат рефундираат средства до 180.000 денари платени за царински давачки, данок на додадена вредност и за акциза за набавка на патнички автомобил.

Ќе бидат рефундирани средства за 50 автомобили, а приоритет ќе имаат лицата со инвалидност кои имаат пониски приходи, оние кои активно бараат работа или пак, во семејството имаат повеќе лица со инвалидност.

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, истакна дека овој проект ќе овозможи полесна мобилност на лицата со инвалидност и вклученост во заедницата.

„Почнувајќи од денеска, секое лице што припаѓа на некои од наведените категории или пак, е родител или старател на такво лице, може да поднесе барање до надлежниот центар за социјална работа кое ќе биде разгледано од комисијата за рефундирање средства за набавка на патнички автомобил“, рече Спасов.

Дополнителни информации за огласот, заинтересираните можат да добијат во МТСП, на веб-страната на Министерството и во сите центри за социјална работа.

За реализација на овој проект Министерството за труд и социјална политика од буџетот издвои 9.000.000 денари.