Friday, Apr 26, 2024
HomeИздвојуваме„Види музика, слушни слика, добиј книга” по осми пат во Градски парк

„Види музика, слушни слика, добиј книга” по осми пат во Градски парк

Настанот  „Види музика, слушни слика, добиј книга” на 23 јуни ќе го доживее своето осмо издание.

Овој традиционален  мултимедијален  спектакл годинава го носи насловот „ Бродвеј под sвездите.”

Идејните творци на проектот, Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар и годинава ќе ни овозможат бегство од стресното секојдневие и излез од сите општествени стеги. Вистинско уметничко доживување!

Македонската филхармонија ќе настапи под диригентска палка на маестро Борјан Цанев, додека вокалист на концертот ќе биде Сара Мејс.

VIDI MUZIKA SLUSNI SLIKA 2 - Copy

Ова издание на„Види музика, слушни слика, добиј книга”   ќе донесе  вокални и инструментални  хитови од познати филмувани мјузикли, како „Валкан танц“, „Телохранител“, „Чикаго“, „Волшебникот од Оз“, „Кралот и Јас“, „Ох, Кеј“, „Мала ноќна музика“ и други.

Планирано е да бидат доделени и 20 000 примероци од книгата „ Фигури”  на чешкиот новинар,писател и поет Јан Неруда.

„Види музика, слушни слика, добиј книга” ќе започне  во вторник во 21 часот во Градски парк