Saturday, Apr 27, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионВидео: Уапсени џихадисти во Сараево – планирале масакр на 31-ви декември

Видео: Уапсени џихадисти во Сараево – планирале масакр на 31-ви декември

Припадниците на групата радикални исламисти кои на почетокот на неделата беа уапсени во Сараево планираа смртоносен напад во главниот град на БиХ на 31 декември со цел да убиени што е можно поголем број на луѓе, објави јавното обвинителство.

Судот го прифати барањето на Обвинителството да им се одреди едномесечен притвор за осум од 11 уапсени во полициската акција која беше спроведена на 22 декември. Образложувајќи го барањето за притвор, обвинителот Дубравко Чабаркапа пред судот потврди дека постојат информации дека осомничените планирале бомбашки напад за Нова година.

„Постојат докази дека осомничените планирале терористички напад во кој би загинале стотина лица“, рече обвинителот.

Инаку, во рацијата во вторникот, полицијата и тајните служби кај уапсените откриле знамиња на Исламската држава и големо количество документи кои докажувале дека подготвувале голем терористички напад. Полицајците пребарале две места на верски собири и повеќе станбени згради кои ги користеле приведените. При претресите се најдени доказни материјали кои укажуваат на поврзаност со структури на Исламска држава.

Уапсените наводно планирале да постават експлозивна направа под полициски автомобил на некоја локација на која се собираат голем број лица. Адвокатите на одбраната ги оквалификуваа тврдењата на обвинителот како апсурдни и се противат на одредувањето на мерката притвор со аргументација дека не постојат докази кои би потврдиле казнено дело.