Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаЗа Мускоски судот нема основа за му изрече притвор

За Мускоски судот нема основа за му изрече притвор

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, на доаѓање во Кривичниот суд на распит кај судија на претходна постапка, рече дека нема основа за судот да му одреди притвор.

– Нема основа за притвор, но оставаме судот да цени и да го каже последниот збор – рече кратко Мукоски и додаде дека редовно се јавувал во судот и дека верува во правдата.

Претходно, во судот пристигнаа и пратеничката Жаклина Пешевска и пратеникот Јохан Тарчуловски на распит кај судијката Весна Димишкова.

Во 12 часот во судот треба да пристигнат и пратениците Сашо Василевски, Љубен Арнаудов и Љупчо Димовски на распит кај судијата Ненад Савески.

Основното обвинителство за организиран криминал и за корупција ги гони шесте пратеници за терористичко загрозување на уставниот поредок и на безбедноста, за време на насилството во Собранието на 27 април годинава.