Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитика„Спасувачот“ на Села доби 30 дена притвор

„Спасувачот“ на Села доби 30 дена притвор

Судија на претходна постапка му одреди 30 дена притвор на полицаецот Абдулфетах Алими. Тој е обвинет за непостапување во службата како член на обезбедувањето на Собранието, за време на крвавиот упад во законодавниот дом. Според обвинението, Алими ги дал клучевите од собраниските врати.

Алими долго време не им беше достапен на органите на прогонот. Но, денеска сам се пријавил во Основниот суд Скопје 1, а по прочитаната одлука на судијата тој експресно е пренесен во истражниот затвор „Скопје“.

Своевремено, Алими се фалеше дека тој едвај го спасил пратеникот Зијадин Села насилниците кои на 27 април тепаа пратеници во македонското собрание.