Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаВИДЕО: Техничките министри и заменици од СДСМ поднесоа оставки!

ВИДЕО: Техничките министри и заменици од СДСМ поднесоа оставки!

Политичката криза се продлабочува. На денешната прес конференција пред Владата техничкиот Министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски придужен од останатите министри и заменици министри од редовите на опозицијата, најавија дека доколку остане на сила одлуката за распуштањето на Собранието, тие бараат депонираните оставки од фунцкиите да бидат констатирани пред распушатањето.

-Денеска министрите и дополнителните заменици министри од СДСМ поднесуваме оставки на функциите во Владата. Доколку остане во сила Одлуката за распуштање на Собранието, донесена на 18. јануари 2016 година, бараме оставките претходно да се констатираат. Согласно Договорот од Пржино, Владата во којашто учестуваме се формираше за организирање на фер и кредибилни избори, откако ќе се исполнат сите точки од овој договор. Во Македонија нем ауслови за фер избори на 24. април. Тоа директно потврдено од меѓународната азедница, од ЕУ и САД, рече Спасовски пред Влада.

Според генералниот секретар на СДСМ и технички министер во МВР, без прочистен Избирачки список и без реформи за слободни медиуми нема услови за кредибилни извори.

Спасовски избегна директно да одговори на прашањето дали оставките ќе важат и доколку доколку денеска се повлече одлуката за распуштање на Собранието.

За тоа дали тоа значи дека е прекршен Договорот од Пржино, тој рече дека Договорот е прекршен уште со едностраната одлука на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ за распуштање на Парламентот и за избори на 24.април.