Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАГруби го дал главниот збор за кандидатите градоначалници на ДУИ

Груби го дал главниот збор за кандидатите градоначалници на ДУИ

артан груби

“Екипата на Артан Груби” ќе се вика екипата со 17 кандидати за градоначалници на ДУИ што Али Ахмети ја престави во Гостивар.

Албански медиуми, повикувајќи се на високи партиски извори, пишуваат дека за прв пат од формирањето на ДУИ, кандидатите не ги одредил претседателот на партијата Али Ахмети, туку виза за нив дал генералниот секретар на партијата, Артан Груби.

“Ова е доказ за големата доверба што ја ужива Груби кај Ахмети”, пишува Лидери.мк.

Инаку, во поголемите општини ДУИ ќе се натпреварува со стари кадри. Во Чаир со Висар Ганиу, во Тетово со Теута Арифи, во Гостивар со Незат Бејта, Кичево со Фатмир Дехари, а во Струга со Рамиз Мерко.