Wednesday, May 8, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаВидео: Скандал во штипската болница – доктори тепале 7-годишно дете

Видео: Скандал во штипската болница – доктори тепале 7-годишно дете

Скандал на ортопедија во Клиничката болница Штип. 7-годишно дете тепано додека без анестезија докторите се обидувале да му ја наместат скршената рака, обвинуваат родителите. Па, освен со гипс, детето од амбулантата излегло со модрици по лицето и крвава уста. Со обвинување за нехуман однос на дежурните доктори и дека тие му ги нанеле повредите на лицето на детето за време на интервенцијата, излезе денеска пред камерата на ТВ Стар, мајката на Един, Телкизеа Витановска од Берово. Родителите ќе тужат.