Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаШто остави Тодоров зад себе – хорор приказна од штипската клиника

Што остави Тодоров зад себе – хорор приказна од штипската клиника

На социјалните мрежи со појавија фотографии од Клиничкиот центар Штип, кои покажуваат во какви мизерни услови се третираат болните во оваа клиника, но и во какви услови работат лекарите.

Претходната Влада се фалеше дека го унапредила здравството, а министерот Никола Тодоров тогаш правеше ненајевени посети на здравствените институции и ги казнуваше лекарите и медицинскиот персонал кои не си ја вршеше работата.

Токму во оваа болница, во 2011 година Тодоров се појави во ненајавена полноќна посета на штипскиот клинички центар по која казни дел од вработените затоа што спиеле на работно место или пушеле во недозволени простории. Тодоров тогаш нареди затворање на одделението за неврологија поради нехуманите услови, кои ги претстави како вистински хорор.

Шест години подоцна, условите во овој клинички центар се изменети, но на полошо. Очигледно дека хоророт се уште трае.