Friday, Apr 26, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбал(Видео) ПСЖ го прегази Монако и го освои Лига Купот!

(Видео) ПСЖ го прегази Монако и го освои Лига Купот!

Фудбалерите на Париз Сен Жермен го освоија и вториот трофеј во оваа сезона, во Лион во финалето на Лига купот на Франција, Монако беше прегазен со 4-1.

Избраниците на Унај Емери вчера ја прижија една од најдобрите партии сезонава, фудбалски час на фудбалерите од Монако и одржаа пред се Едисон Кавани и Анхел ди Марија.

Уругвајскиот со два гола во второто полувреме обезбеди Монако да биде нокаутиран, а голем дел ПСЖ направи и во првите 45 минути. На почетокот на натпреварот погоди Дракслер, потоа изедначи Лемар, да на само една минута пред крајот на полувремето Ди Марија ја доведе екипата на ПСЖ во предност.

ПСЖ вчера го освои седмиот трофеј во Лига Купот во историјата на клубот, а четвртата по ред, и исто така, покажа дека полека но сигурно се опоравува од епскиот пораз од Барселона во Лигата на шампионите.