Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСветВидео: Ангела Меркел расплака девојче од Палестина кое ќе биде депортирано

Видео: Ангела Меркел расплака девојче од Палестина кое ќе биде депортирано

Ангела Меркел ја разлути јавноста и стана мета на многу критики поради нејзиниот студен и, како што коментираат тамошните и светски медиуми, бесчувствителен однос кон едно девојче – бегалец од Палестина. Меркел се обраќаше во програма во училиштетот во Росток на панел посветен на политиките кон мигрантите и азилантите.

На средбата во гимназијата таа се сретна со група на ученици на возраст од 14 до 17 години. Едно од девојчињата, Реем од Палестина, на течен германски и се пожали на Меркел дека таа и нејзиното семејство ќе бидат депортирани наскоро иако во Германија дошле пред 4 години како бегалци.

Таа рече: “Имам цели како секој друг. Сакам да учам како нив … многу непријатно да се види како другите можат да уживаат во животот , а јас не можам”. Меркел на тоа и одговори: „разбирам, ти си мило девојче, но политиката е понекогаш тешка“ и дека „илјадници и илјадници бегалци сакаат да дојдат во Германија и тие едноставно не можат да дојдат сите“.

Потоа Меркел продолжи да и зборува дека сега работите ќе станеле поефикасни и процедурите за тоа кои бегалци можат да останат, а кои не, ќе биле побрзи. Додека го зборуваше тоа забележа дека девојчето се расплака. Тогаш тргна кон неа и и рече „Беше одлична, знам дека е тешко за тебе, ама ти одлично ја претстави ситуацијата во којашто многумина се наоѓаат“.

“Злобна”, “бесчувствителна”, “падна на испитот на човечноста на сите фронтови” се само дел од описите кои и се придаваат на канцеларката во медиумите и на социјалните мрежи во Германија и светот.