Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаМеркел: Германија ја поддржува Македонија во евроатлантската интеграција

Меркел: Германија ја поддржува Македонија во евроатлантската интеграција

За време на Самитот за Западен Балкан во Трст, премиерот Зоран Заев имаше билатерална средба со канцеларката на Република Германија, Ангела Меркел, која изразила поддршка за новата влада, за суштниски реформи и за определбата за интеграција на Република Македонија во ЕУ, соопштија од кабинетот на премиерот.

– Владата е одлучна да ги спроведе потребните реформи и да ја осигура евро-атлантската иднина на Македонија, а со тоа и квалитетен живот за граѓаните – рекол Заев за време на неговата средба со Меркел.

Канцеларката Меркел најавила поддршка од Република Германија во реформскиот и во евроатлантскиот интеграциски процес.

Двајцата лидери изразиле заедничка определба за продолжување и за зголемување на интензитетот на соработката помеѓу двете држави.

Меркел вчера на самитот за Западен Балкан во Трст изјави дека должност на Европска Унија е да го приближи регионот „бавно, но сигурно“ во правец на членство на ЕУ.

– Политичката стабилност во регионот значи политичка стабилност и за нас. Ние го знаеме тоа од искуство – рече Меркел.

Претходно, австрискиот канцелар Кристијан Керн изјави дека на регионот мора да му се врати јасната европска перспектива.

– Западниот Балкан не е заден двор на Европа, туку наша дневна соба. Европската Унија на терен го изгуби влијанието, а во исто време се зголеми руското, кинеското, вахабитското, но и турското влијание – смета Керн.

Тој посочи и дека новиот американски претседател Доналд Трамп вовел нова динамика за Западен Балкан и нагласи дека „не смее да се дозволи формирање на воневропски сили“.