Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаДевојче починало во возило на брза помош

Девојче починало во возило на брза помош

Девојче на 15-годишна возраст вчера починало додека со возило на брза помош било пренесувано од Медицинскиот центар во Гостивар кон Ургентен центар во Скопје, соопшти МВР.

При приемот на телото во Ургентен центар била констатирана смрт, а на него немало траги на насилство. Причините за смртта ќе се утврдуваат допрва, информира МВР.

Девојчето од гостиварското село Долна Гуновица, кое имало болки во стомакот, било донесено вчера во 4.30 часот во Медицински центар Гостивар. По укажаната помош, бидејќи сериозно му се влошила здравствената состојба, со брза помош било испратено за Скопје и починало на пат.